Car Show Bitola 2026

Последни новости


Автомобилите не се само средство за превоз – тие се страст, стил и заедница која ги поврзува луѓето. 🚗✨

И оваа година Битола беше центар на автомобилските случувања, собирајќи голем број љубители на автомобили, уникатни модели и посетители кои беа дел од атмосфера исполнета со енергија, дружење и адреналин. „Car Show Bitola 2026“ уште еднаш покажа дека ваквите настани создаваат простор каде ентузијазмот и љубовта кон автомобилската култура се споделуваат на едно место.


Особено ни претставува задоволство што Гуматек, веќе втора година по ред, е партнер на овој настан и поддржува иницијативи кои ги обединуваат луѓето околу заеднички интереси и квалитетни искуства.
Благодарност до организаторите за одличната реализација и до сите учесници и посетители кои беа дел од уште едно успешно издание.