
Ул Булевар Србија бр.10 – Скопје

gumatekinfo@gmail.com

071 327 139
Ние сме непрофитна организација која заедно со производителите и трговците работи на намалување на отпадот од старите гуми со што придонесуваме за почиста средина.


Отпад е секоја материја или предмет што припаѓа во категориите на отпад а која создавачот или поседувачот ја/го отфрла, има намера да ја/го отфрли или од него се бара да ја/го отфрли.

Гума е пневматик за автомобил, мотор, комбе, камион, автобус, трактор, мотоцикл и велосипед, земјоделска работна машина, градежни и други работни машини, и други видови возила согласно со Законот за возила.

Проширена одговорност е збир на правила и постапки за производителите кои со вршењето на својата дејност или активност пласираат производи на пазарот со чија употреба се создава отпад.

По собирањето на отпадните гуми, се врши селекција на гумите со кој се одредува степенот на искористеност. Доколку исполнува одредени параметри, гумите ке се реупотребат, односно се врши процес на враќање во употреба.

Член на Гуматек Скопје се станува со потпишување на Договор за преземање на обврски за постапување со отпадни гуми/Договор за управување со посебен тек на отпад


Генерален менаџер
Управувањето со отпадните гуми претставува сериозен и практичен предизвик за системот за управување со отпад. Тие се создаваат низ целата земја, бараат организиран систем за собирање и, што е најважно, доволни капацитети за нивен третман и рециклирање, доколку сакаме повторно да ги вратиме во економскиот процес како корисни материјали.
Како можеме да ви помогнеме
Во Гуматек, нашата мисија е да направиме револуција во секторот за управување со отпад од гуми преку промовирање одржливи практики и минимизирање на влијанието врз животната средина. Посветени сме на организирање и оптимизирање на системот за собирање отпад од гуми, обезбедувајќи одговорно отстранување и максимизирање на потенцијалот за рециклирање на секоја гума. Преку принципите на Проширена одговорност на производителот (EPR), тесно соработуваме со увозниците за да воспоставиме одговорност за создадениот отпад од гумите. Нашата цел е секоја година да собираме значителен процент од увезените гуми, прогресивно зголемувајќи ги нашите напори за постигнување поголема еколошка одржливост. Со поттикнување на иновациите, соработката и свеста, се стремиме да создадеме иднина каде што отпадот од гумите ќе се управува ефективно, заштитувајќи ја животната средина и зачувувајќи ѓи вредните ресурси“.

Производителот е должен да обезбеди и да организира систем за собирање на отпадни гуми. Системот подразбира производителот да обезбеди одделно собирање и времено чување и складирање, транспорт, преработка и рециклирање на отпадните гуми.

Правните и физичките лица, кои при вршење на својата регистрирана дејност поседуваат отпадни гуми се должни истите да ги собираат и чуваат одвоено од мешан комунален и друг вид на отпад, како и да ги предадат на собирач на отпадни производи или во инсталација за рециклирање или преработка на отпад

Крајниот корисник, кој создава отпадни гуми е должен да ги собира и чува истите одвоено од мешан комунален отпад или друг вид на отпад и да ги предаде на трговец, на собирач на отпадни производи или во друго место за преземање и собирање, определено на локално, односно регионално ниво.

Придобивки од зачленувањето
Информации за регистрација…
Едукација…
Систем на собирни места….
Помош за исполнување на проширена одговорност…

Најнови соработки

Со повеќе од 3.000 изложувачи и посетители од над 150 земји, IFAT Munich е водечки светски саем за environmental technologies и едно од најзначајните места каде се презентира иднината на одржливите индустриски решенија. Тимот на Гуматек беше присутен на овогодинешниот саем со цел да се запознае со најновите иновации, технологии и практики кои го движат…

Уште едно успешно поставување на опрема за правилно складирање и управување со отпадни гуми во Stop & Go Маџари. Со ова решение се овозможува побезбедно, поорганизирано и еколошки одговорно постапување со отпадните гуми, во согласност со добрите практики за заштита на животната средина. Благодарни сме за довербата и соработката, и продолжуваме да поддржуваме компании кои…

Автомобилите не се само средство за превоз – тие се страст, стил и заедница која ги поврзува луѓето. 🚗✨ И оваа година Битола беше центар на автомобилските случувања, собирајќи голем број љубители на автомобили, уникатни модели и посетители кои беа дел од атмосфера исполнета со енергија, дружење и адреналин. „Car Show Bitola 2026“ уште еднаш…
Најнови гостувања

Гумите за автомобил (пневматиците) по завршувањето на нивната функција стануваат опасен отпад со кој многу внимателно треба да се постапува во иднина. Не ретко, кај нас отпадите гуми ги полнат депониите или несовесни граѓани ги косристат за огрев. Ова има фатални поседици за животната средина и по јавното здравје. По стапувањето на сила на Законот…


Гуматек, колективен постапувач за управување со отпадни гуми, успешно работи повеќе од една година откако во 2024 година стапи на сила Законот за проширена одговорност. Генералниот директор на компанијата, Борче Кузмановски, истакнува дека главната мисија на Гуматек е да обезбеди систематско собирање и рециклирање на отпадните гуми, намалувајќи го нивното штетно влијание врз животната средина.…
Најнови вести

Петнаесеттото издание на Европската недела за намалување на отпадот (EWWR), кое трае до 26 ноември 2023 година, ќе привлече внимание на овогодинешниот тематски фокус – Пакувањето. Серијата настани на EU Youth Cinema: Green Deal особено ќе ги охрабри младите да спроведат акции за подигнување на свеста за одржливо управување со ресурсите и со отпадот. „Од…