
Со повеќе од 3.000 изложувачи и посетители од над 150 земји, IFAT Munich е водечки светски саем за environmental technologies и едно од најзначајните места каде се презентира иднината на одржливите индустриски решенија.

Тимот на Гуматек беше присутен на овогодинешниот саем со цел да се запознае со најновите иновации, технологии и практики кои го движат развојот на индустријата. Ваквите посети претставуваат можност за проширување на знаењата, создавање нови контакти и следење на современите стандарди кои придонесуваат за понатамошен раст и развој на компанијата.










