Ecomondo 2025 – Rimini, Italy

Последни новости


Ecomondo претставува водечки европски саем посветен на циркуларната економија, одржливиот развој и зелените технологии. Настанот ги обединува најважните компании, институции и експерти од целиот свет, кои ги претставуваат најновите иновации во управувањето со отпад, рециклирањето, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Овој саем е место каде што визиите за одржлива иднина се претвораат во реални проекти, партнерства и решенија што ја менуваат иднината на индустријата. ♻️

     

Остваривме продуктивна средба со претставниците на Eco Tyre од Италија, со кои детално разговаравме за целиот процес на рециклирање на гуми и размена на добри практики од оваа област. Средбата претставува важен чекор кон унапредување на соработката и развој на одржливи решенија во управувањето со отпадните гуми.

Остваривме средба со претставниците на VTN Europe (vtneurope.com), компанија специјализирана за производство на опрема за сечење и преработка на гуми. Тие располагаат со различни типови ножици и механички дамперски системи, прилагодени за ефикасно ракување со различни видови гуми.Во нашата држава постои децениски проблем со количина на дамперски гуми кои бараат посебен третман за сечење и мелење. Средбата беше одлична можност за размена на искуства и разгледување потенцијални технички решенија за подобрување на процесот на рециклирање.

Средба со претставниците на Molinari S.r.l. – италијанска компанија со долгогодишно искуство во производство на машини за дробење и рециклирање на гуми. Разговаравме за современи технолошки решенија и можности за примена на нивната опрема во процесите на рециклирање.