EU Youth Cinema: Green Deal

Последни новости


Петнаесеттото издание на Европската недела за намалување на отпадот (EWWR), кое трае до 26 ноември 2023 година, ќе привлече внимание на овогодинешниот тематски фокус – Пакувањето. Серијата настани на EU Youth Cinema: Green Deal особено ќе ги охрабри младите да спроведат акции за подигнување на свеста за одржливо управување со ресурсите и со отпадот.

„Од најголема важност е да се даде приоритет на првото начело во управувањето со отпадот, намалување на создавањето на отпад. „Бидејќи од кога ќе се создаде отпадот, треба да се премине на барање соодветни начини како најдобро да се справиме со него, да градиме системи на управување со отпад, вклучување на повеќе засегнати страни како колективни постапувачи, транспортери, рециклатори и обезбедување големи средства за одржување на тие системи. Се ова може, значително, да се намали доколку направиме промени во самиот почеток, односно при создавање отпад со мали промени во нашите навики“, објаснува Борче Кузмановски, управител на колективен постапувач за отпадни гуми Гуматек.

Повеќе информатии на линкот:

https://kurir.mk/vesti/makedonija/pakuvanje-vreme-e-za-preispituvanje/