Гума е пневматик за автомобил, мотор, комбе, камион, автобус, трактор, мотоцикл и велосипед, земјоделска работна машина, градежни и други работни машини, и други видови возила согласно со Законот за возила;
Отпадна гума е гума чијашто употребна функција завршила и која крајниот корисник ја исфрла, има намера да ја исфрли или од него се бара да ја исфрли со исклучок на отпадот и остатоци од преработка на употребувани гуми со кои се постапува согласно со прописите за управување со отпад;
Протектирање на отпадни гуми е процес на рециклирање на отпадни гуми за нивно протектирање, при што надворешниот слој на гумата се заменува со нов слој со што, протектираните гуми се користат за истата намена за којашто биле произведени и истите не се сметаат за отпад.



